Саем Скопје,Македонија 09/10/2025

INTER CONSTRUCTION на саемот за пракса и вработување „TECH MECH“ 2025
Со големо задоволство учествувавме на саемот TECH MECH, кој се одржа на 8 и 9 октомври на Машинскиот факултет – Скопје.
Саемот беше организиран од Кариерните центри на УКИМ и МФС, Студентското собрание на МФС и ЦИРКО и претставуваше извонредна можност за поврзување на студентите со реалниот инженерски сектор.
Благодарност до организаторите за одличната соработка и можноста да бидеме дел од иницијативата која ги спојува идните инженери со индустријата.
Особена благодарност и до сите студенти кои не посетија на нашиот штанд – нивната енергија, ентузијазам и љубопитност се најдобар доказ дека иднината на инженерството е во сигурни раце.
Во Inter Construction веруваме дека вистинскиот напредок започнува со вложување во младите – преку практично искуство, менторство и поддршка на нивниот професионален развој.