Монтажа на шахта
Поставување на шахта
ПЕ и ПП шахти мора да бидат поставени на песочна подлога која треба да биде тврда и да се користи материјал кој одговара за странично полнење или набивање. Сепарираниот материјал може да биде со димензии до 32 mm и дробен материјал со големина до 16 mm. Подлогата треба да биде направена во слоеви од 15 до 20 cm и набиена до 97% според Проктер. Во случај на присуство на подземни води, подлогата треба да биде 30 cm изработена од бетон MБ15. Поради лесната тежина на шахтата можна е мануелна (рачна) монтажа, а доколку се монтира машински со врзување на конуп дозволено е само околу днотто, базата на шахтата или за отоворите кои се наменети за тоа.


Набивање околу шахта
За набивање се користи истиот материјал од подлогата од песок, а набиениот материјал треба да биде во слоеви од 30 cm максимум до 97% според Проктер и по 50 cm во ширина околу шахтата. Исполнувањето околу шахтата и под неа важно е да бидат според Проктер, за да се спречи било каква можна деформација и искривување на шахтата.
Поставување на бетонски прстен
Во случај на тежок сообраќај потребно е на капакот да му се постави бетонски прстен. Овој бетонски прстен не смее да биде во допир со капакот на шахтата празниот простор над капакот и бетонскиот прстен треба да биде 40 mm, а помеѓу капакот и прстенот се поставува гумица. Кпакот треба да навлезе во бетонскиот прсте 50 mm. На овој начин статичкото и динамичкото оптеретување нема да биде пренесено на телото на шахтата туку на набиениот песок и подлогата околу шахтата. Бетонскиот прстен не е потребен во случај на инсталација каде што нема сообраќај и може да се користи директно полиетиленски поклопец B 125.


Инструкции за складирање и транспорт
- При складирање и транспорт на компонентите на шахтите треба да се постапува така да не се дозволи точкасто оптеретување, односно во ниту еден случај да не се складираат врз остри и шилести предмети.
- Шахтите треба да се истовараат од камион со помош на вилушкари, со помош на каиши, од камион до површината на земјата без фрлање од висина.
- При разместување, преместување да не се влечат по остри ивици или остри предмети.
- Висината на складрање зависи секако од геометријата на сегментите кои ќе се складираат, но не се препорачуваат висини на складирање повисоки од 2.5 m.
- Производите може да се складираат на отворено ззатоа што имаат УВ заштита. Кај период на складирање повеќе од две години, препорачливо е да се заштитат о директни изложувања високо сончево зрачење.
- Смрзнувањето не претставува проблем за компонентите на шахтите затоа што полиетиленот и полипропиленот се стабилни до -35º C. Единствено може да дојде до намалување на еластичносата на гумените заптивни прстени, што може да дојде до потешкотии при монтажа.
- Производите треба да се чуваат од контакт со органски растворувачи и директно дејство на пламен.
- Модулните шахти се доставуваат во комплет.
- Секој дел од шахтата има свој идентификациски број.