Од дизајнот на бариерите може да се види дека во горниот дел имаат отвори за полнење со вода, а во долниот дел имаат отвори за истекување на вода. Бариерите се полнат со 20цм вода од дното.
Бариерите служат за :
-пренасочување на сообраќајот
-безбедност на сообраќајот
-заштита на пешаците
-оградување на објекти кои се во изградба
-преусмерување на пат
-ограничување на паркинг простори
-оградување на автобуски постројки
Изработени се од висококвалитетен УВ стабилен полиетилен, отпорен на удари и сончеви влијанија. Овој полимер ја задржува својата боја многу години изложен на надворешни сончеви влијанија.
Нивната мала тежина кога се празни овозможува лесно складирање и монтирање, а додека пак кога бариерите се полни нивниот дизајн е така направен за нивно пренесување со помошна вилушкар.
Самиот дизајн дозволува означување на бариерата со светлечки рефлекси. Основните бои во кои се достапни се црвена и бела, а постои можност за производство и во други бои во зависност од потребите.
.