fbpx

ФУТУРА ШАХТИ

//ФУТУРА ШАХТИ
ФУТУРА ШАХТИ 2018-01-17T15:23:50+00:00

Project Description

Новата генерација на ИНТЕРХОЛ шахти-Футура се изработуваат од полипропилен ПП и полиетилен ПЕ согласно стандардот EN 13598-1,    EN 13598-2.
Еколошки и високо квалитетни материјали кои лесно може да се рециклираат и термички да се обработат.

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФУТУРА ШАХТИТЕ
Поради еколошките загадувања, глобалните затоплувања, појава на ефектот на стаклена градина во големи рамки почна да се подигнува јавната еколошка свест на граѓаните преку различни проекти од светско ниво. Политиката на Европската Унија во областа на животната средина базира на високи стандарди и поттикнување на иновациите.
Токму ова зборува за новата ера на шахти – Интерхол Футура шахти.

ОТПОРНОСТ НА ТЕМПЕРАТУРА
ИНТЕРХОЛ Футура шахтите постојано се изложени под влијание на најразлични температури. Формата на шахтата останува непроменета и под силно сончево влијание во текот на летниот период, а исто така не можат да им наштетат ни ниските температури, па дури ни врелите отпадни води од индустриите.
Интерхол – Футура шахтите се стабилни на температура од -35 до +60 степени целзиусови.
100% НЕПРОПУСТЛИВОСТ
ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите се 100% непропустливи. Целата нивна компактност ја гарантира непропустливоста.

ДОЛГОТРАЈНОСТ
Произведени од ПЕ и ПП целосно ги исклучуваат можните проблеми и оштетувања кои се
јавуваат кај другите традиционални шахти кои досега се користени. Својствата кои ги содржат ПЕ и ПП како материјали, имаат важна улога во цврстината и издржливоста на производот.
Во овој случај ИНТЕРХОЛ- Футура шахтите се извонреден производ со висококвалитетни карактеристики кои овозможуваат долг животен век.

ОДРЖУВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ
Мазната внатрешна површина на ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите го спречува собирањето на таложениот материјал со која се овозможува висок коефициент на проток на отпадните води. Оваа значајна карактеристика овозможува продолжување на животниот век на шахтата воедно одржување на истата. Безбедноста се овозможува со специјално дизајнирани нелизгачки скали кои се составен елемент на шахтата. Може да се направат од повеќе материјали (ПЕ,ПП, алуминиум, железо) во зависност од побарувањето.

ПРИЛАГОДЛИВИ
ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите се прилагодливи во секој домен: висина на шахтата, големина на приклучок, поврзување со секој вид на цевка.

ХЕМИСКА ОТПОРНОСТ
Карактеристиката на отпорност на ПЕ и ПП на хемиска агресивност е добро позната.
Карактеристиките на ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите се дефинирани во стандардот EN 13598-1/2, во кој се потврдува дека шахтите од ПЕ и ПП се отпорни на вода во широк ранг на PH вредности, како што се домашни и други отпадни води, дождовница, површинска и подземна вода. Листата на хемиска отпорност на Интерхол шахтите може да се достави на барање на купувачите.
ОТПОРНОСТ НА МЕХАНИЧКИ УДАРИ
ПЕ и ПП се еластични и прилагодливи материјали кои не пукаат и затоа ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите се отпорни на удари и падови кои може да настанат при монтажа.

БРЗА ИЗРАБОТКА И ИСПОРАКА
Технологијата на вбризгување пластика е високо продуктивна по единица време. Елементите на ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите се така дизајнирани да нема потреба за доработка. Во зависност од потребите на купувачот постои можност за извршување на одредени измени.

МАЛА ТЕЖИНА И ЛЕСНИ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА
Малата тежина го олеснува транспортот во 2 сегмента:
– не ја надминува максимално дозволената тежина на транспортирање;
– ги намалува трошоците за транспорт поради искористување на целиот воздушен простор во транспортното возило. Манипулативното возило (виљушкар, кран или робот) лесно ги подига, преместува и товара ИНТЕРХОЛ-Футура шахтите.
ЗАШТЕТА НА ВРЕМЕ И ТРОШОК ПРИ МОНТАЖА

Благодарение на малата тежина ИНТЕРХОЛ -Футура шахтите се монтираат лесно и брзо без потреба од користење на тешка механизација која ги заштедува времето и трошоците за монтирање.