За нас

/За нас
За нас 2022-05-31T14:37:33+02:00

ЗА КОМПАНИЈАТА

Интер Констракшн е динамична иновативна компанија која е создадена да одговори на потребите на пазарот за инфраструктуни објекти (канализација) каде заедно со искуството и организираноста на тимот кој работи доведе до брзо создавање на препознатлив бренд.

Компанијата е опремена со ротомолдинг технологија, а со цел зголемување на конкурентноста на пазарот, континуирано подобрување на брзината, квалитетот и палетата на производи се реализира идејата за воведување на технологија за вбризгање пластика.

Трајноста, флексибилноста, отпорноста на хемикалии и високиот квалитет на производите се добиваат со користење на нерециклирани материјали без додатоци на гасови и адетиви.

Како доказ за успешноста во работењето и квалитетот на производствениот процес се ISO 9001:2015, ISO14001:2015 и OHSAS 18001:2007 – сертификатите за квалитет.
Интер Констракшн нуди детално техничко-функционални решенија кои ги исполнуваат различните барање на голем број индустрии.

КОЈ СМЕ НИЕ

Интер Констракшн е динамична иновативна компанија која е создадена да одговори на потребите на пазарот за инфраструктуни објекти (канализација) каде заедно со искуството и организираноста на тимот кој работи доведе до брзо создавање на препознатлив бренд.

Компанијата е опремена со ротомолдинг технологија и технологија за вбризгање пластика.

Како доказ за успешноста во работењето и квалитетот на производствениот процес се ISO 9001:2008, ISO14001:2004 и ISO  45001:2020 – сертификатите за квалитет.
Интер Констракшн нуди детално техничко-функционални решенија кои ги исполнуваат различните барање на голем број индустрии.

-Изградба на имиџ со квалитет на производот;
-Следење на процесот на производство и континуирано подобрување;
-Максимална продуктивност за постигнување на пониска цена на производот;
-Минимизирање на незадоволни клиенти и добивање на позитивен повратен фидбек;
-Градење корпоративна култура со свои вредности и кодекси по Европски стандарди;
-Зачувување на животната средина и искористување на отпадните води за наводнување и други индустриски гранки;
-Подигнување на еколошката свест на потрошувачите за потребата на пречистителни станици;
-Наметнување на потребата за безбедно складирање во еколошки материјал;
– Максимално следење на сигналите за потребите на пазарот;
Во иднина ние се гледаме како водечка компанија во производство и континуиран квалитет во Европа и Мала Азија
Да се биде вистински траен пример за идните генерации
Ветуваме производство на 100% квалитетен производ за долгорочна употреба.

Секој вработен во Интер-Констракшн, добавувач на услуги или било која заинтересирана страна доколку има предлог/барање по однос на унапредување на заштита на животната средина или има воочено одредена неусогласеност која би можела да доведе до негативно влијание на животната средина да го извести одговорниот за ЖС или било кое раководно лице во компанијата (лично , телефонски, e-mail).Секој предлог/ барање од страна на вработените, добавувачи на услуги или било која заинтересирана страна ќе биде обработен од страна на одговорниот за животна средина и одговорните лица на процесите.

Контакти:Александра Караиванова – инженер по машинство

тел. 072/272/604

Адреса: Интер-Констракшн , Индустриска Зона бр. 2 , Прдејци Р. Македонија

дата:15.12.2016

подготвил:   Александра Караиванова

одобрил:      Управител

ЗАСТАПЕНОСТ НА ПРОИЗВОДИ

Шахти 100%
Патни бариери 90%
Резервоари 75%
Садови за складирање и гајби 85%
Садови за отпад 98%

ПОЛИТИКА ЗА ИНТЕГРИРАН МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМ НА ИНТЕР-КОНСТРАКШН

Политиката за интегриран менаџмент систем на Интер-Констракшн во рамките на вкупната политика, стратегија, целите и  контекстот на организацијата согласно барањата на стандардите: ISO 9001, ISO 14001 и ISO  45001 се темели на основните приципи:

  • Почитување и задоволување на потребите, барањата  и очекувањата  на нашите  корисници  и  вработени, преку развој, производство, контрола и пласман на квалитетни и безбедни производи.
  • Постојан развој и усовршување на процесите и производите со цел оптимизација на профитот и континуиран напредок кон инвестирање во нови технологии.
  • Потполна посветеност на врвното раководство преку примена на процесниот пристап  и размислување заснована на ризик во работењето, донесувањето одлуки врз основа на направени анализи сe со цел – реализација на поставените цели и планови.
  • Континуирана едукација и мотивирање на вработените во областа на квалитетот, безбедноста и здравјето при работа, заштита на животната средина.
  • Спречување на повреди при работа создавајќи безбедна работна средина, безбедни работни места и безбедна опрема за сите вработени;
  • Презентирање на квалитетен производ преку најнови достигнувања во маркетинг пристапите и приближување до купувачот, а со тоа зголемување на имиџот на фирмата.
  • Функционирање согласно апликативните законски прописи и регулативи пропишани во Р. Македонија.
  • Постојано тежнеење кон  подобрување на системот за управување на квалитетот.

Сите вработени во Интер-Констракшн се обврзуваат да ја почитуваат политиката .

05.04.2019

.

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ТИМОТ

Раководство

дипл. економист   Жаклина Таневска

дипл. маш. инж.  Ристо Таневски

Комерција

дипл. економист  Виктор Урдинов

дипл. ИТ Менаџер Ристо Крстевски

Техничка служба

дипл. маш. инж.   Душко Митровски

дипл. маш. инж.  Александра Караиванова

дипл. маш. инж.  Иван Крстиќ

дипл. маш. инж.  Тоше Стојанов

Правна служба

Сметководство

дипл. економист  Магдалена Пачаџиева