Компанијата е опремена со два типа на технологија ротомолдинг технологија и вбризгана технологија. Со цел зголемување на конкурентноста на пазарот, континуирано подобрување на брзината, квалитетот и палетата на производи се реализира идејата за воведување на технологија за вбризгање пластика.
Ротмолдинг Технологија
Ротомолдинг е технологија на производство која се користи за изработка на производи со големи волумени. Предности на овие производи во однос на производи направени од други технологии се
- Економичност
- Постојаност на квалитет
- Овозможуа слобода на обликување на производите
Вбризгана пластика
Технологијата за вбризгана пластика е софистицирана технологија. Оваа технологија е најдобар метод за висока продуктивност на производи со идеални површини.
Предности од користење на оваа технологија се:
- Флексибилност
- Брзо, ефикасно и ефективно производство
- Економичност
- Овозможува производство на елементи со различни големини и облици
- Безбедно производство

