Шахти
Интер Констракшн во Гевгелија произведува пластични шахти за канализација од полипропилен (ПП) и полиетилен (ПЕ): ревизиони шахти ФУТУРА и ИНТЕРХОЛ од DN 400 до DN 1000, телескопски и кабловски шахти, сливници за атмосферски води и капаци за шахти. Шахтите се произведуваат според EN 13598-1 и EN 13598-2, за вградување до 6 m длабочина.
Пластичните шахти се лесни, водонепропусни и отпорни на корозија и хемикалии, па се вградуваат побрзо и со помалку механизација од бетонските. Се користат во фекална и атмосферска канализација, дренажа и инфраструктурни проекти и се поврзуваат со сите стандардни канализациони цевки, вклучително и коругираните цевки ИНТЕРКОР.