Прескокни до главната содржина
ИНТЕРХОЛ ШАХТА DN 1000

ИНТЕРХОЛ ШАХТА DN 1000

Како одговор на зголемениот акцент на заштитата на животната средина и управувањето со отпадните води, традиционалната бетонска шахта, стандарден производ со децении, постепено се заменува со Шахти Интерхол направени од пе/пп материјали.

ИНТЕРХОЛ ШАХТА DN 1000 делови

Конус DM 1000/1

Конус DM 1000/1

Конус DM 1000/2

Конус DM 1000/2

Конус DM 1000/2
ИНДЕКС H(mm) ID OD H1
CAP DM 1000/2 1080 1000 645 425
димензии (mm)
Конус LF 1000/1

Конус LF 1000/1

Конус LF 1000/2

Конус LF 1000/2

ОТПОРНОСТ НА ТЕМПЕРАТУРА

ИНТЕРХОЛ шахтите постојано се изложени под влијание на најразлични температури. Формата на шахтата останува непроменета и под силно сончево влијание во текот на летниот период, а исто така не можат да им наштетат ни ниските температури, па дури ни врелите отпадни води од индустриите. ПЕ и ПП се стабилни на температура од -35 до +60 степени целзиусови.


ВОДОНЕПРОПУСТЛИВОСТ

ПЕ и ПП Интерхол шахтите се 100% водонепропустливи. Целата нивна компактност ја гарантира непропустливоста. Исто така се добива и идеална компактност на заварениот спој на шахтата со полиетиленските и полипропиленските цевки.


ДОЛГОТРАЈНОСТ

Произведени од ПЕ и ПП целосно ги исклучуваат можните проблеми и оштетувања кои се
јавуваат кај другите традиционални шахти кои досега се користени. Својствата кои ги содржат ПЕ и ПП како материјали, имаат важна улога во цврстината и издржливоста на производот.
Во овој случај ИНТЕРХОЛ шахтите се извонреден производ со висококвалитетни карактеристики кои овозможуваат долг животен век.


ОДРЖУВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ

Внатрешната бела боја што ја имаат шахтите не само што ја олеснува инспекцијата туку ум нуди и голема сигурност и безбедност на работниците. Максималната безбедност се постигнува со скалите кој имаат посебен дизајн и овозможуваат лесно влегување и симнување до дното на шахтата. Скалите се составен дел од секој елемент на шахтата.

ХЕМИСКА ОТПОРНОСТ

Карактеристиката на отпорност на ПЕ и ПП на хемиска агресивност е добро позната.
Карактеристиките на ИНТЕРХОЛ шахтите се дефинирани во стандардот EN 13598-1/2, во кој се потврдува дека шахтите од ПЕ и ПП се отпорни на вода во широк ранг на PH вредности, како што се домашни и други отпадни води, дождовница, површинска и подземна вода. Листата на хемиска отпорност на Интерхол шахтите може да се достави на барање на купувачите.

ОТПОРНОСТ НА МЕХАНИЧКИ УДАРИ

ПЕ и ПП се еластични и прилагодливи материјали кои не пукаат и затоа ИНТЕРХОЛ шахтите се отпорни на удари и падови кои може да настанат при монтажа.


БРЗА ИЗРАБОТКА

Интерхол шахтите се испорачуваат веднаш, можност како цели-компактни или во елементи со кои нудиме гумица за нивно склопување. Исто така се испорачуваат со заварени приклучоци за цевки или посебно приклучоци кои лесно се монтираат на терен со гумица.

МАЛА ТЕЖИНА

Во споредба со бетонските шахти кои имаат огромни тежини, Интерхол шахтите се со мали тежини со што се олеснува транспортот и се овозможува лесна манипулација на терен и монтажа.

Контакт информации

Јавете ни се